Тина Фина е непоправлив оптимист и зависник од добра енергија исто како и Реџо. Во нивната емисија ќе можете да слушнете многу интересни информации, вести од културата и од социјалното живеење на градот, како и да се дружите со многу интересни гости. Оваа емисија ќе ве забавува додека сте во градскиот метеж, ќе ве опушти додека ги извршувате работните обврски и ќе ве подготви за ефектна завршница на работниот ден.