Сѐ е добро кога добро ќе заврши! Затоа, НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ Маја Ристовска е на Хепи радио да ве расположи, да ви овозможи пријатни моменти и да ви раскаже интересни муабети со кои ќе го испратите денот и ќе ја дочекате ноќта.

Во рамки на емисијата имате прилика премиерно да ја слушнете рубриката „Препорака на неделата“ во која Маја секогаш има да ви препорача нешто интересно да пробате, да посетите или да направите.

Уште една интересна рубрика која редовно е застапена во оваа е емисија е „Хепи истражување“  поткрепено со изјави од слушатели во кои тие го кажуваат своето мислење на одредена тема.

Многу позитивна енергија и супер музика за релаксирано и опуштено уживање на крајот од работниот ден, од понеделник до петок од 18 до 21 часот.