На 21-ви септември (среда), во лаунџ-ресторанот на хотелот Елит Плаза, прес-конференција одржа Хепи радио, нова скопска радио-фреквенција.

Пред претставниците на седмата сила, менаџерскиот и водителскит тим на Хепи радио зборуваше за концепцијата и за програмската шема на новата градска фреквенција, која, благодарение на новите технологии е достапна во целиот свет.

ivan-beckovic-i-vlado-janevski

Директорот и еден од сопствениците на радиото, Владо Јаневски истакна дека главна цел на радиото е да шири добра вибрација низ градскиот етер, и дека целта на неговиот тим е да стане најдобриот пријател на сите слушатели кои ќе дојдат на оваа фреквенција.

Општиот впечаток на присутните на пресот e дека неговото долгогодишно искуство во шоу-бизнисот ќе биде доволна гаранција за Хепи радио да внесе свежина низ скопските радио бранови.

timot-na-hepi-radio

Главниот и одговорен уредник Иван Беќковиќ зборуваше за програмската шема и го претстави водителскиот тим на Хепи радио, напоменувајќи дека фреквенцијата 107.4 во текот на денот има цели 14 часа програма во жива, како и целоноќна одбрана музика, а приказната продолжува и во деновите на викендот.

timot-na-hepi-radio-posle-pressot

Гласовите кои ќе им прават друштво на скопјани им припаѓаат на: Оливера Петрушевска, Марко Новески, Ана Тодевска, Зорица Црношија, Маја Бабиќ и Маја Ристовска.

Да им посакаме многу успех на Хепи радио, бидејќи добри вести и квалитетна музика никогаш не може да има премногу.

vlado-maja

marko-noveski-voditel-na-utrinskata-programa-gi-zasmejuva-kole

maja-vukicevic-tea-moderna-i-del-od-gostite-na-pressot-2

marko-vo-pregratka-na-hostesite-na-hepi-radio